УКРАИНА ПРОТЕСТИРАШЕ: Унгарија објави карта од Украина без Крим

Украинското Министерство за надворешни работи ја укори унгарската влада поради видео снимка објавен на 30 мај на која се гледа Украина без Крим, објави „Киев Индипендент”. Во видеото се повикува на прекин на војната во украина додека се прикажува експлозија над картата на Украина на која недостасува Крим.

Инаку, Унгарија не ја призна руската анексија на Крим во 2014 година.

„Индентификувањето на Кримскиот полуостров како територија која што не е дел од Украина е спротивно на ставот на Будимпешта за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници”, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Министерството ја повика Будимпешта да престане да ги потврдува руските ставови и да се придржува на меѓународните обврски на Унгарија како членка на ОН, НАТО и ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.