Украинка се породи во метро станица во Киев во текот на бомбардирањето

Бебето Миа е родено околу 20:30 часот во петокот, откако луѓето ги слушнале криците на мајката и побрзале да помогнат при породувањето. Украинските медиуми пренесоа дека мајката и бебето се добри и биле пренесени во болница, а луѓето кои биле покрај нив породувањето го сметаат за „светла надеж“.
Политичарката Хана Хопко на Facebook сподели фотографии направени неколку моменти по раѓањето на Миа.

Покрај трогателната фотографија на новороденчето во болница, Хопко напиша:
„Миа е родена оваа ноќ во стресно опкружување, додека Киев е бомбардиран. Нејзината мајка е среќна по ова предизвикувачко породување и веднаш си заминува во засолниште“.
„Додека Путин убива Украинци, апелираме на мајките во Русија и во Белорусија да протестираат против војната во Украина. Ние ги браниме животите и човештвото“, порача таа.
Во продолжение се објавени фотографии направени во текот на раѓањето на друго бебе. Хопко објасни дека раѓањето на бебето се случило во текот на третиот ден од воената состојба во оваа земја.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.