УКРАИНКА УАПСЕНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ШПИУНАЖА: Давала информации за војната во Украина на руски агент

Во соопштението на обвинителството се наведува дека од ноември 2023 година била во контакт со човек од руската амбасада кој работи за разузнавачката служба.

Германските власти денес уапсија жена за која постои сомневање дека шпионирала за Русија, преку давање информации за војната во Украина на руски агент и помагање да добие пристап до политички настани во Берлин.

Осомничената, Илона В., има двојно државјанство, Германија и Украина, а по нејзиното апсење, нејзиниот стан бил претресен.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека од ноември 2023 година таа била во контакт со човек од руската амбасада кој работи за руската разузнавачка служба.

Таа наводно открила информации за локациите на одбранбената индустрија, тестирањето на беспилотни летала и нивните испораки во Украина .

Таа, исто така, повремено му помагала на нејзиниот контакт во руската амбасада да присуствува на политички настани во Берлин под псевдоними за да може да воспостави контакти за руската разузнавачка служба, велат обвинителите.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Митко Милер, изјави дека во истрагата се вклучени и двајца поранешни германски воени офицери, еден неодамна пензиониран офицер и еден државен службеник.
The post УКРАИНКА УАПСЕНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ШПИУНАЖА: Давала информации за војната во Украина на руски агент appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: