Украинскиот врховен командант на воените сили Валериј Залужни е тешко ранет?

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни е тешко повреден за време на ракетниот напад врз штабот на почетокот на мај и може да ја напушти функцијата, изјави за РИА Новости претставник на хакерската група „Џокер ДПР“, цитирајќи агенти во украинскиот војници.

Украинскиот врховен командант на воените сили Валериј Залужни е тешко ранет?

Залужни престана да се појавува во јавноста по серијата напади што ги нанесоа руските единици врз некои воени постројки во Украина.

„Информациите за состојбата на неговото здравје во Украина се блокирани по насоки на западните куратори за да не се наруши моралот, веќе скршен од загубата на Артемовск (Бахмут). Имам сериозни информации за ова“, рече соговорникот на агенцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.