Украинците го соборија најскапиот руски дрон: „Мерлин ВР“ соборен на фронтот, има и видео

Вооружените сили на Украина, наводно, го собориле најскапиот руски дрон „Мерлин ВР“ на фронтот кај Лиман .Станува збор за најскапото беспилотно летало во сопственост на руските сили, се наведува во соопштението на Оперативната стратешка група на украинските вооружени сили Хортиција, пренесува порталот News Ukraine .Во областа Лиман, украинските противвоздушни сили од 63-та бригада и 45-та специјална артилериска бригада учествуваа во соборувањето на непријателски дрон.И покрај напорите на механизираната бригада и артилериските единици, украинските војници не успеале да стигнат до местото на несреќата, но снимиле фотографии од уништениот руски дрон.Дронот „Мерлин ВР“ е најскапиот дрон во руските вооружени сили, а еден чини околу 300.000 долари. Експерименталниот извидувачки дрон може да лета на височина од 5.000 метри и да остане во воздух до 10 часа. Досегот му е 600 километри.И покрај неговите технички способности, тој не успеа да остане незабележан и да ја заврши мисијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: