„Тоа е вистинската тема со која треба да се занимаваме, што ќе прават овие луѓе во вториот круг, дали навистина ќе бидат опозиција како што тврдат или ќе продолжат да бидат опозиција на опозицијата и ќе го поддржат Стево Пендаровски доколку се квалификува во вториот круг“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
За актулениот шеф на државата, кој денеска ги собра потребните 10 000 потписи, а вечерва на конгресот на СДСМ треба и официјално да ја добие поддршката на владејачката партија, Мицкоски рече дека граѓаните на изборите треба да му помогнат да се исели од државата, алудирајќи на изјава на Пендаровски во врска со миграцијата на македонските граѓани во други држави
Кандидатите на ГРОМ и на Левица за претседател на државата, Стевчо Јакимовски и Билјана Ванковска имаат улога да го ослобнат потенцијалот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата Гордана Силјановска-Давкова на претстојните претседателски избори. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашања откако го даде својот потпис на еден од пунктовите на Државната изборна комисија (ДИК).
Според Мицкоски, двајцата кандидати ја имаат улогата на опозиција на опозицијата, која како што кажа, во првиот круг е само естрадна и прашањето е дали ќе останат „доследни измеќари на нивните работодавачи“ и во вториот круг од претседателските избори своите гласови ќе ги дадат на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски или ќе им кажат нешто друго на своите гласачи.
„Нивната улога е да се обидат да го ослабата потенцијалот на Силјановска-Давкова, тие немаат друг капацитет ниту потенцијал. Но, мислам дека после резулатот од првиот круг на претсдателските избори ќе им стане и на нив јасно што може да очекуваат две недели потоа на парламентарните избори, а само ќе биде потврдена победата на Силјановска-Давкова. Можеби вистинското прашање е да ги прашате овие кандидати што ќе прават во вториот круг, бидејќи во првиот ќе имаат само естрадна улога и ништо повеќе од тоа. Така што дали ќе останат доследни измеќари на нивните работодавачи и во вториот круг ќе го поддржат претпоставувам Стево Пендаровски или пак можеби нешто друго ќе им кажат на своите гласачи. Така што можеби тоа е вистинската тема со која треба да се занимаваме, што ќе прават овие луѓе во вториот круг дали навистина ќе бидат опозиција како што тврдат или ќе продолжат да бидат опозиција на опозицијата и ќе го поддржат Стево Пендаровски доколку се квалификува во вториот круг“,
изјави Мицкоски.
Неговите очекувања за првиот круг се дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска- Давкова ќе однесе убедлива победа со предост поголема од 100 000 гласа во однос на, како што рече, второпласираниот Пендаровски.
За актулениот шеф на државата, кој денеска ги собра потребните 10 000 потписи, а вечерва на конгресот на СДСМ треба и официјално да ја добие поддршката на владејачката партија, Мицкоски рече дека граѓаните на изборите треба да му помогнат да се исели од државата, алудирајќи на изјава на Пендаровски во врска со миграцијата на македонските граѓани во други држави.
„Добро е граѓаните на Пендаровски она ветување и онаа изјава којашто ја кажа пред некое време дека доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија да му помогнат да се исели од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме во Македонија тоа е подобро за Македонија, а ние да најдеме начин оние кои што се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски да ги вратиме дома, бидејќи тие се тие луѓе кои ни требаат дома, а на ваквите Пендаровци да им покажеме како граѓани што мислиме“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно Мицкоски информираше за динамиката на процесот на собирање на потписи за нивниот кандидат за претседател. Тој потврди дека до 12 часот Силајновска-Давкова собрала над 15 илјади потписи, а според неофицијалните податоци кои ги има до 14 часот денеска бројката достигнала над 22 000 потписи.
Освен на граѓаните кои ја дале поддршката за Силјановска-Давкова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари и на граѓаните кои го дале својот потпис за другите кандидати.
„Претпоставувам дека до 8 март ќе има можност за уште некој од кандидатите коишто ги немаат исполнето условите со потписите, бидејќи на тој начин се збогатува демократскиот процес. Знаете имавме политички партии коишто се закануваа со излезност во вториот изборен круг доколку некои од политичките барања не бидат исполнети, што навистина нема никава врска ниту со демократијата, ниту пак со процесите во кои треба да се движи Македонија“,
рече Мицкоски.