петок, 27 ноември 2026
Најново

Умерено да се внесува храна по постите, советуваат лекарите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Православните христијани кои 40 дена постеле за Божиќ, пред Божиќната трпеза треба да го навикнат организмот на друга храна поразлична од онаа што се внесувала во изминатите 40 дена. Лекарите советуваат граѓаните да бидат доста внимателни, бидејќи, во спротивно, во ризик го ставаат сопственото здравје.

Валентина Митрова, матичен лекар, вели дека се треба да е умерено и храната и пијалоците.

– Не треба да се претперува со обилни, масни оброци, затоа што сѐ тоа може да се одрази на здравјето, бидејќи во претходниот период биле навикнати на еден друг начин на исхрана. Сѐ она што ќе почнете да го консумирате за Божиќ, може да ви направи нелагодност. Во однос на гастрични тегоби, надуеност, киселина дури при премногу мрсни оброци, ако не се надмине тој преоден период може да дојде и до воспалување на жолчната кеса, панкреатит како најсериозно манифестирање, вели Митрова.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа дополнува дека препораките важат за сите, не само за оние кои постеле во изминатите 40 дена.

Поврзани вести