Умерено облачно време со температура до 27 степени

Во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 18 до 27 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Периодот на умерено облачно и топло време продолжува и во наредните денови, со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе почнат да опаѓаат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.