Унгарија десеткратно ги зголемува резервите на злато

Унгарската централна банка соопшти дека десеткратно ги зголемува резервите на злато, од 3,1 на 31,5 тони, зошто Унгарија трупа резерви на злато? Според порталот IntelliNews, купеното злато физички ѝ било испорачано на Унгарија во првата половина на октомври.
Иако банката не открива колку платила за 2.300 златни плочки, цената за една унца злато на светската берза изнесуваше помеѓу 1.190 и 1.230 долари на почетокот на месецот, кога Унгарската централна банка го изведе првото обновување на резервите злато од 1986. година. Во почетокот на 70-тите, резервите на злато на Унгарија изнесуваа 65 до 70 тони. По одлуката донесена кон крајот на 80-тите за намалуање на резервите на злато, износот беше сведен на 10 тони, а подоцна падна на актуелните 3 тони. Во март годинава, Централната банка врати во земјата 100.000 унци злато од Лондон.
„Чувањето на резервите злато на локација што гарантира сигурност во случај на геополитичка криза е многу важно“, соопшти тогаш Банката, алудирајќи на кризата со Брегзит во Велика Британија. Држењето на овој благороден метал на домашен терен е во согласност со актуелните меѓународни трендови – така се поддржува финансиската стабилност и може дополнително да се подобри довербата на берзите во унгарското стопанство, стои во соопштението на Централната банка на Унгарија.
Вредноста на унгарските резерви на злато изнесува околу 1,24 милијарди долари, според моменталните цени. Делот на унгарските резерви на злато во меѓународните резерви изнесува 4,4 %, што е во склад со просекот на земјите во Централна и Источна Европа кои не се членки на еврозоната, нагласува Банката.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.