Унгарија нема да го екстрадира Никола Груевски

За Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на Виктор Орбан, Золтан Ковач Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара Унгарија да го екстрадира поранешниот премиер на Р. Македонија, Никола Груевски, нема никаква важност. Во интервју за телевизијата, „Ехо“, Ковач изјави дека Европскиот парламент не треба да се меша во правните работи на земјите.
-Постапката за политички азил на Груевски не е политичка, туку правна работа. Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата на Груевски и она што го прави е дека го пика носот таму каде што не му е местото. Верувам дека мнозинството пратеници гласаа за резолуцијата, иако тие немаат никаква врска со случајот Груевски. Најголемиот грев на Груевски е што изгради ограда и застана во одбрана на Европа од тероризмот и миграцијата, рече Ковач

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.