Унгарија не го поддржува членството на Приштина во Советот на Европа! Сијарто: Го споделивме нашето мислење со нив, тие добро го знаат тоа

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија не го поддржува членството на Приштина во Советот на Европа, за што ја информирале Приштина, јави РТС за изјавата на Сијарто за Танјуг.Пред почетокот на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, тој рече дека Унгарија има принципиелен став по ова прашање, односно дека сака да види успешно финализирање на дијалогот меѓу Белград и Приштина.– Сметаме дека секогаш кога Косово поднесуваше барање за членство во меѓународна организација, имаше повлекување, односно назаден чекор во дијалогот. Затоа, прво дијалогот треба да биде успешен, а потоа Косово да аплицира за членство. Ова е нашиот генерален став, но на фер начин го споделивме ова мислење и со Косово, така што тие многу добро го знаат – рече Сијарто.

Пронајдете не на следниве мрежи: