среда, 25 ноември 2026
Најново

Унгарија поради поскапувањето зимава затвора стадиони, библиотеки, театри, базени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Новите стадиони, кои се сметаат за симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на објекти кои повеќе не можат да се носат со поскапувањето на енергијата.

Секешфехервар, еден од најбогатите градови во Унгарија, каде на власт се членови на партијата на Орбан, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри за време на зимата. Градоначалникот Андраш Чер-Палкович најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.

– Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни, изјави Чер-Палковиќ, член на владејачката партија на Орбан, Фидес.

Поврзани вести