Ракометарите на Унгарија го запишаа вториот триумф во групата Д, откако вечерва беа подобри од Исланд со 30-28, додека убедлива победа оствари и Словенија против Полска (23-32).
Унгарија го постигна првиот гол на мечот (1-0), по што почна доминацијата на Исланд. Елисон и Магнусон заедно со нивните колеги ја наполнија мрежата на ривалот за да заминат на пауза со 17-12.
Исланд имаше водство од шест гола (25-19) до средината на вториот дел, по што следеше криза во нивниот напад, а тоа знаеше како да го искористи Унгарија, која со серија од 4-0 намали на 23-25, а потоа со уште една серија во завршницата го доби дуелот со 30-28.
Предводник на Унгарија беше Аншин со шест гола, додека на спротивната страна блесна Елисон со девет погодоци.