недела, 15 ноември 2026
Најново

Унгарија стави вето на новиот пакет санкции на ЕУ за Русија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Унгарија стави вето на одлуките на Европската Унија за усвојување на 20-тиот пакет санкции против Русија и одобрување на „воен заем“ од 90 милијарди евра за Украина, поради блокадата на транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„Јасно ставив до знаење дека нема да поддржиме одобрување на воен заем од 90 милијарди евра за Украина, бидејќи Украинците нè уценуваат. Тие склучија договор со Брисел и се здружија со опозицијата во Унгарија за да ја загрозат безбедноста на унгарската енергија и безбедноста на Унгарија како целина“, рече Сијарто на прес-конференција со унгарски новинари во белгискиот главен град.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој изјави дека од истата причина го блокирал 20-от пакет санкции против Русија, кој лидерите на ЕУ сакаа да го усвојат до 24 февруари. „Тоа е нашата моментална позиција, затоа денес немаше ниту пакет санкции ниту украински заем. Јасно ставивме до знаење дека главниот услов за преиспитување на нашата позиција е продолжување на испораките на нафта преку Украина за Унгарија“, рече министерот.

Поврзани вести