Унгарската влада има за цел да ја поврзе Централна Европа според моделот на Австроунгарската империја

Унгарскиот лидер Петер Маѓар има за цел да ја обедини Централна Европа според моделот на Австроунгарската империја.

По победата на изборите, Унгарците најавија иницијатива за зајакнување на регионалната соработка во Централна Европа, со цел овој простор да биде политички и економски поинтегриран.

Една од главните идеи е проширувањето на Вишеградската група (В4), во која моментално се вклучени Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.

Според неговиот план, овој сојуз би можел да се прошири во поголем формат (V8), вклучувајќи земји како Хрватска, Словенија, Австрија и Романија, пишува Политико.

Овој пристап се смета за обид за создавање посилна регионална оска во рамките на Европската Унија, слична во некои аспекти на економските и инфраструктурните врски што постоеле за време на Австро-Унгарија.

Маѓар верува дека поблиската соработка меѓу овие земји би го зајакнала нивното влијание во ЕУ, би го подобрила економскиот развој и би ја зголемила политичката стабилност во регионот.

Сепак, аналитичарите нагласуваат дека таков проект би се соочил со бројни политички и историски предизвици, бидејќи земјите од Централна Европа имаат различни интереси и ориентации во рамките на Европската Унија. 

The post Унгарската влада има за цел да ја поврзе Централна Европа според моделот на Австроунгарската империја appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: