Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК. Ристовска го водеше предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, а дел од предметот беше и претставка за факултетската диплома на Христовска добиена на факултет и универзитет каде во тоа време дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска.
Откако Телма ги праша ДКСК за можен судир на интереси на Ристовска во предметот, Комисијата ги одмолча прашањата произлезени од информациите објавени на веб сајтот на ДКСК и на Универзитетот за менаџмент и туризам. Но, потоа прати ПДФ документ насловен како демант и тврдеше дека нема никаков судир на интереси без да објасни од каде им е таков заклучок и кој, како и кога ја спровел законската процедура за проверка на судир на интереси за Цвета Ристовска.
ДКСК тврдеше дека имале техничка грешка на нивниот сајт, а Универзитетот ја избриша сликата на Ристовска од списокот наставен кадар.
Пронајдете не на следниве мрежи: