Уникатен мултимедијален настан во Македонскиот КИЦ во Загреб

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб, на 23-ти април, посетителите ќе имаат ретка можност да бидат дел од извонреден мултимедијален културен настан. Овој настан ќе вклучува отворање на изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ и концерт на етно групата „Баклава“. Групата „Баклава“, која слави две децении од своето постоење, ќе изведе богат програм од традиционални и оригинални песни на различни јазици. Елена Христова, која долго престојува во Турција, ќе ги сподели своите истражувања и ќе презентира песни од својот најнов проект „Јоруклук“. Освен Христова, во групата членуваат пет извонредни музичари кои комбинираат различни музички стилови, создавајќи уникатен музички израз претставен во world music.
Изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ е резултат на соработка меѓу македонскиот Културно информативен центар и Здружението „Откритие“, кое е основано во 2023 година со цел да го популаризира светското и македонското минералошко наследство. Ова здружение има значајна колекција на природни минерали, кристали и фосили, вклучувајќи и стари 1,8 милијарди години алги строматолити, првата форма на живот на Земјата. Изложбата е создадена од инженерите Деан Шкартов и Илија Петковски, кои посветено работат на промоција на природни кристали и скапоцени камења, а ќе претстави и вредни експонати и реплики изработени од овој драгоцен минерал.
The post Уникатен мултимедијален настан во Македонскиот КИЦ во Загреб appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: