Унијата на жените на ВМРО наместо да слават можеле да отидат во Кочани, со мајките што цврсто ги гушкаат сликите на нивните деца

Вчера бев во Кочани. Не по службена должност, туку по сопствена волја – од солидарност и поддршка.

Родителите на загинатите деца, додека го чекаат Обвинителството да ја заврши својата работа, мирно протестираат.

Убав град но завиткан во тишина и болка. Празни кафулиња, луѓе со наведнати глави.

Скоро сите беа излезени. А оние што беа на работа, излегуваа пред своите работни места, тивка, но силна поддршка.

Имаше и млади луѓе кои носеа ракавици, одпосле сватив дека не носат ракавици од што им студи од невремето, туку за да ги заштитат раните од инфекции. Тие млади всушност беа од повредените од таа кобна ноќ.

Се вратив касно попладне дома, директно легнав, не можев ни да јадам, ни пак да спијам. Тек сега отворив Фејсбук да видам што има ново.

Видов дека вчера во Скопје, Унијата на жените на политичка партија славеле 27 години од постоење. Жени од партија која постојано промовира традиционални вредности и семејство.

Не знам зошто наместо да славаат не отишле во Кочани. Кај мајките што цврсто ги гушкаат сликите на нивните деца и пробуваат да ги воздржат емоциите, за да можат да бараат правда за нивните најмили.

ФБ став на новинарката Афије Шерифи

Пронајдете не на следниве мрежи: