Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) повика на проширување на спасувачките напори за луѓето на главните миграциски рути кон Европа, кои се соочуваат со „незамисливи ужаси“, јави ДПА.
Специјалниот пратеник на УНХЦР, Винсент Кошетел, повика на зголемена соработка со локалните власти и повика на дополнителни финансиски средства од земјите донатори.
-Ова вклучува подобар пристап до правните процедури, до безбедност и до подобрувањето на заштитните услуги за жртвите, како и за оние кои се изложени на ризик да станат жртви долж рутите, рече Кошетел во Женева.
Според најновиот извештај на УНХЦР, секоја година стотици илјади луѓе ги ризикуваат своите животи за да мигрираат од субсахарските земји во Африка, како и од Азија и Блискиот Исток.
Според УНХЦР, многу од оние кои се во движење ги потценуваат ризиците и опасностите од патувањето, при што многумина умираат додека ја минуваат пустината или во близина на границите, додека други трпат сериозни прекршувања на човековите права.
-Многу од нив не одат во главните градови каде што се базирани и добро претставени хуманитарните актери, рече Кошетел. „Тие тргнуваат по секундарни рути, стигнувајќи до помали градови во тешко достапни области, вклучително и во пустината Сахара. Службите таму треба да да бидат лоцирани“, додаде тој, пренесе ДПА.