Управен суд ја поништи одлуката на ДКСК за Академија на судии и јавни обвинители

Управниот суд ја уважил тужбата од Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата, со која се тврдеше дека оваа институција ги прекршила законите, не го стопирала процесот на селекција на кандидати.

Судот го вратил предметот на повторно одлучување. Претставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова според која Академијата го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Пронајдете не на следниве мрежи: