Ураганот “Вила“ пристигнува во Мексико

Смртоносна бура пристигнува во Мексико.  Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани за да ги заштити од ударот на страшен ураган од најсилна категорија кој се приближува кон западниот брег на земјата. Според информации на странските медиуми, неколку илјади луѓе веќе се евакуирани, главно од државата Синалоа.
Ураганот “Вила“ во еден момент достигна ниво од петти степен, по што „се смири“ на четврти степен.
Се очекува ураганот прво да помине преку или покрај групата острови Маријас, кои се наоѓаат на околу 96 километри од брегот, а потоа вечерта да тргне кон брегот кој се протега на околу 220 километри помеѓу градовите Масатлан и Сан Блас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.