Ураганот Лаура, кај јужниот брег на САД се засили во категоријата 4, според Националниот центар за набљудување на ураганите.
Според Центарот, брзината на ветерот во рамки на ураганот достигнува 61 м/сек, што одговара на четвртата категорија. Ураганот продолжува да се засилува, и сега се движи северо-западно со брзина од 7,2 м/сек. Метеоролозите предупредуваат на „катастрофални бранови, силни ветрови и поплави“.
Центарот предвидува дека циклонот ќе се приближи до брегот на Тексас и Луизијана во текот на ноќта..
Лаура, исто така, се заканува на големите центри за рафинерија на нафта лоцирани на бреговите на двете американски држави.
– Имате само неколку часа да се подготвите и евакуирате, предупреди на Твитер гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, чија земја беше жртва на ураганот Кетрин пред 15 години.
– Каде и да сте на пладне, ќе мора да се соочите со невремето, рече Едвардс.