УРГЕНТНО: Уште 4 работнички во Штип се позитивни, дополнително има и петти случај
Вкупно пет нови случаи на заболени од КОРОНА ВИРУСОТ се регистрирани изминатите 24 часа во Штип. Петтиот случај е заболен кој се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип. Со ова Штип станува ново жариште.
Со овие 4 нови заболени, во истата конфекција се регистрирани вкупно 6 заразени работнички од петокот до сега. Фирмата денеска не работи и се известува дека се прават дезинфицирања.
Кризниот штаб на градот поради новава состојба ќе одржи состанок за да се донесат насоки како да се делува во градов натака.
Вчера јавивме:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Две заразени текстилни работнички од Штип се од иста компанија