Уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровка е во тек, градежната механизација работи во полн ек!

Кај ТЦ Мавровска претпладнево почна уривањето на дивоградбата. Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата.

Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Инаку, Владата на својата прва седница која што беше одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

ТВ 21 Рушењето на објектот го пренесува во живо. Во прилог имате линк.

Пронајдете не на следниве мрежи: