Македонската легенда Дарко Панчев ептен се израдувал на победата на Хрватска вчера против Бразил по пенал-рулетот, па за поралот „Индек“ објави како урлал после триумфот со 4-2 (1-1 по 120 минути) за ново полуфинале на поранешната братска република.
Панчев многупати посочувал дека на секој голем турнир навива за селекциите од бивша Југославија, па така и за Хрватите во вчерашната пресметка и посака „коцкестите“ на Златко Далиќ да играат ново финале на Мундијалите.