Бројот на жртвите од уривањето на седумкатницата во истанбулската населба Картал што се случи во средата од сѐ уште непознати причини се зголеми на 21 лице, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата “Анадолија“. Во изјавата за новинарите што ја даде на местото на несреќата, Сојлу истакна дека се смета оти под урнатините се наоѓале вкупно 35 лица, и дека сите се извлечени. Тој исто така нагласи дека оние кои се одговорни за оваа несреќа ќе одговараат пред законот.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа вчера информираше дека 13 повредени се наоѓаат во болница, од кои две лица се во сериозна состојба, јави “Анадолија“.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој го посети местото изрази сочувство за жртвите, додавајќи дека има лекции што треба да се научат.
Пронајдете не на следниве мрежи: