Урнебесно видео на Шакира! Се појави видео старо повеќе од 20 години! Нејзината реакција на телефонот со камера е хит!

Во последните 25 години, сведоци сме дека технологијата напредува од година во година, а научниците повторно и повторно не изненадуваат со нивните нови достигнувања.Со појавата на мобилните телефони, особено кога во нив почнаа да се вградуваат камери за фотографирање и снимање, животот на планетата стана сосема поинаков. Ниту познатите личности не останаа имуни на развојот на технологијата и често се меѓу првите во светот кои први гледаат и добиваат иновативни работи.На социјалните мрежи се појави видео од колумбиската и светска музичка ѕвезда Шакира од 2002 година , на кое се гледа нејзината реакција кога за прв пат видела мобилен телефон со камера.Сето тоа се случи за време на нејзината промотивна турнеја во Јапонија истата година кога го промовираше нејзиниот хит албум „Laundry Service“.На видеото Шакира се гледа во хотелската соба како и приоѓа госпоѓа од организацијата и и покажува фотографија направена со мобилен телефон. Пејачката била зачудена и не можела да поверува дека такво нешто постои.„Дали е тоа камера?!“, праша пејачката и продолжи да се чуди: „Не ми се верува, ова е спектакуларно!“.Потоа поставила урнебесно прашање: „Ова не функционира во Америка, нели? Замислете ги папараците со ова во рака“, рече Шакира и ги насмеа сите присутни!Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото на крајот од текстот:shakira sees a camera phone for the first time, 2002. pic.twitter.com/bdxiDFQ00e— 2000s (@PopCulture2000s) August 28, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: