Навистина несекојдневна и комична сцена се случи денеска по натпреварот во кој кошаркарите на Партизан славеа убедлива победа против Студентски Центар (100:81). Средбата од АБА лигата имаше свое продолжение во прес просторијата од каде излезе видео кое веднаш се прошири низ балканските медиуми.
Имено, портпаролот на Студентски Центар, беше збунет пред самото обраќање на легендарниот Жељко Обрадовиќ кој е тренер на Партизан. Во најавата го утна неговото име и наместо Жељко го нарече Душко, на што тренерот на Партизан го запраша дали го знае и дали навистина се вика Душко. Портпаролот се извини, му возврати дека го знае и потоа повторно го најави како Душко Обрадовиќ.
Тогаш настана комична ситуација во која сите во прес собата се изнасмеаја, а „имун“ не остана ни Жељко Обрадовиќ кој не му најде за зло на портпаролот кој два пати го погреши неговото име.