Урсула фон дер Лајен: Спремни сме да го прекинеме снабдувањето со гас од Русија

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс порача дека ЕУ е спремна да го прекине снабдувањето на гас од Русија, откако австриската компанија ОМВ соопшти дека руската државна компанија за производство на природен гас Гаспром, прекинала да ја снабдува со гас.

Спремни сме за ова и се припремивме за зимата. Складиштата со гас во ЕУ се полни, напиша Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ден претходно изразила поддршка на канцеларот Карл Нехамер во Австрија во име на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: