Усвоен во комисија амандманот за името “Република Северна Македонија”

Комисијата за уставни прашања со 10 гласа „за“ и 5 „против“, го усвои текстот на 33. нацрт-амандман. По ова, претседателот на Комисијата, Талат Џафери, отвори расправа за следниот, односно 34. нацрт-амандман кој се однесува на преамбулата за АСНОМ и внесувањето на охридскиот договор во Уставот.
Усвоениот амандман се однесува на замената на зборот „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.
Според усвоениот текст, „во Уставот зборовите ‘Република Македонија’ се заменуваат со зборовите ‘Република Северна Македонија’, а зборот ‘Македонија’ се заменува со зборовите ‘Северна Македонија’, освен во член 36“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.