Комисијата за уставни прашања на Собранието на Република Македонија денес треба да ја отвори дебата за владиниот предлог за уставни измени. Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи в понеделник.
Македонската влада упати до Собранието предлог за четири уставни амандмани – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата и за измени во членовите 3 и 49. Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци.
Меѓутоа, Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека постапката по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието може да биде и итна .