Уставните измени нема да го одложат ребалансот на Буџетот

Нема опасност за ребаланс на Буџетот и тој ќе биде усвоен во законскиот рок. Актуелните случувања околу уставните измени во Собранието  нема да го пролониграат,  рече денес министерот за финансии Драган Тевдовски. Според него, во моментов Буџетот е во одлична кондиција и приходната страна се полни согласно предвидените проекции.
– Ако се сеќавате, дури и кога немавме ваква извесност за случувањата, јас реков дека ние сме подготвени за сите сценарија. Најбитното во моментов е дека буџетот е во одлична кондиција, може да видите од извештаите кои ние секој месец редовно ги објавуваме, многу транспрентно. Приходната страна на буџетот на Република Македонија е одлична, се полни согласно нашите проекции. Тоа е најважно – рече Тевдовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
Подготовката на Буџетот за следната година е во последна фаза и сите детали ќе бидат објавени кога ќе дојде време, нагласи министерот Тевдовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.