Уставните измени се наметнати со уцени и поткуп, тврди Лавров

Додека Ципрас е во посета на Москва во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“ рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјавува дека состојбата на Балканот предизвикува немир. Како што вели тој, гледаме како НАТО и ЕУ ги засилуваат напорите за „развој“ на регионот, а земјите се приморани да направат лажен избор: или со Москва или со Вашингтон и Брисел. Ова, пак, според него, доведува до дестабилизација на Европа и зголемување на тензиите.
На прашањето за ситуацијата во Македонија и Преспанскиот договор рускиот дипломат одговара:
-Секојдневно нејзините граѓани беа повикани да гласаат во корист на Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември оваа година. Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација во Собранието на 19 октомври, со изнудување и подмитување на парламентарци, беа наметнати уставни измени, со директно вклучување на странските дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД таму. Сега постојат жестоки обиди процесот да се најде во финалната форма на почетокот од 2019. година“.
Сето тоа, вели понатаму Лавров, е во интерес на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Македонија во НАТО. Предупредувањето дека прифаќањето на Преспанскиот договор е наводно неопходно за забрзување на европскиот курс, не заслужува никаква критика, бидејќи овој процес како што покажува искуството може да трае неколку децении.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.