Уставните измени ќе бидат изгласани денес, или најдоцна утре

Кога ќе бидат изгласани уставните амандмани согласно договорот од Преспа е прашање на часови, а не на денови, велат извори од Владата, а пренесува „Катимерини“. Според наводите на грчкиот дневен весник во статија објавена утринава, се очекува уставните измени да се изгласаат денес, или најдоцна утре.
„Катимерини“ го цитира лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, кој вчера соопшти дека партијата нема да присуствува на собраниската седница за да не му даде легитимитет на процесот.
Седницата на која ќе се расправа за уставните амандмани е закажана за денес во 13:00 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.