Во денешните два обиди резултатот бил ист како и вчера – за кандидатурата на Васиќ-Бозаџиева гласале 5 судии, додека нејзината колешка и противкандидатка Павловска-Данева повторно добила 4 гласа
И денеска по два обиди уставните судии не успеаја да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од нивната колешка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2 јуни.
Од Уставен суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни.
Како и вчера, кога имаше четири неуспешни обида за избор на претседател, и денеска двете кандидатки за функцијата, судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева не успеале да го добијат неопходното двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
Во денешните два обиди резултатот бил ист како и вчера – за кандидатурата на Васиќ-Бозаџиева гласале 5 судии, додека нејзината колешка и противкандидатка Павловска-Данева повторно добила 4 гласа.
За претседателот на Уставен суд да биде избран, потребно е еден од кандидатите да добие најмалку шест гласови од вкупно деветтемина судии колку што брои составот на Судот.
Покрај се уште актуелната претседателка Добрила Кацарска, судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе функцијата се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска и Ана Павловска-Данева.
Изборот на претседател, како што соопштија вчера од Уставниот суд пред почетокот на седницата, се врши согласно член 7 од Деловникот за работа на Судот.
„Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува“,
соопштија од Уставен.
Сè уште актуелната претседателка на Уставниот суд во заминување, Добрила Кацарска, во телевизиско гостување пред два дена рече дека нема да предложи ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд, за тоа да не биде сфатено дека пренесува нечија порака.
Кацарска рече дека гласањето е тајно и дека не може да каже за кого таа ќе гласа. Но, секако дека, рече таа, ќе гласа за колега за кој смета дека ќе продолжи да го раководи судот на чесен, професионален, домаќински начин.
!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);
The post Уставните судии и денеска не успеаја да изберат претседател, нов обид ќе имаат в понеделник appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: