Устата на вистината: Древен детектор на лаги пред кој се паѓало во несвест?

Многу пред модерните детектори за лаги, луѓето користеле различни методи за да ја извлечат вистината. Еден од нив можете да го видите во Рим. Погледнете го мермерниот релјеф на Устата на вистината при посета на базиликата Света Марија во Космедин. Иако е позната по својот кружен релјеф кој датира од 17 век, базиликата ja има и една од највисоките камбанарии во градот.
Според легендата, кој ќе ја стави раката во устата на вистината и лаже, ќе остане без неа. Скулптурата првично се наоѓала на Пјаца дела Бока дела Верита до 1632 година, кога била преместена на надворешниот ѕид на црквата, каде што останува и денес.

Лагите се кратки…
Според една од многуте легенди, маж кој немал доверба во својата сопруга ја однел пред Устата на вистината за да ја тестира нејзината верност. Жената, за да се спаси, глумела дека се онесвестила, а љубовникот ја фатил во раце. После тоа, таа се заколна пред устата на вистината дека е само во прегратките на нејзиниот сопруг и човекот кој штотуку ја зграпчил – и се спасила. Оваа атракција привлекува толпи туристи кои трпеливо чекаат можност за фотографирање.

Свети Валентин
Во црквата се наоѓа и череп украсен со венец од цвеќиња, кој му се припишува на заштитникот на вљубените, Свети Валентин. Според раните извори, имало неколку светци кои го делеле тоа име, па не може со сигурност да се каже на кој од нив му припаѓал черепот. Но, и покрај ова, сè уште служи како симбол на љубов и среќни бракови.
Под главниот олтар се наоѓа крипта од осмиот век со мал олтар и простор за чување мошти и погребни урни. Други интересни елементи на црквата вклучуваат средновековни фрески, а додека поминувате покрај продавницата за сувенири, погледнете надесно за да видите летечки скелет, внимателно поставен на врвот на заградениот надгробен споменик.

Пронајдете не на следниве мрежи: