Утврдени 14 прекршувања во М-НАВ, сериозни проблеми во делот на обезбедувањето

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето.

Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе биде дефиниран во корективен план што заедно ќе го изготват овластените инспектори во АЦВ со одговорните во М-НАВ, информира директорот на АЦВ, Томислав Тунтев.

Има и прекршочни платни налози затоа што, како што вели, на утврдена конкретна одговорност изрекле и санкции кон фирма и лица.

За разлика од делот за безбедноста, во делот на обезбедувањето констатирани се сериозни прекршувања и непочитувања на законски одредби и на подзаконски акти. Тунтев вели дека конкретно, не се почитувани процедурите за обезбедување во М-НАВ, не е почитувана нивната програма за обезбедување, не се почитувани одредбите на Националната програма за обезбедување на воздушниот сообраќај и одредени одредби од Законот за воздухопловство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.