Терестричната дезинсекција, прва фаза, на подрачјето на Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25 април, четврток, во периодот од 8 до 17 часот, извести Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.