На подрачјето на град Скопје утре во раните утрински часови ќе се изврши првата фаза од авионската дезинсекција против ларви од комарци.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје.
Истовремено од таму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.