Четири германски аеродроми ќе работат со намален капацитет в понеделник, а 351 лет ќе бидат откажани поради планираниот 24-часовен прекин на работата на безбедносниот скрининг персонал, соопшти во саботата синдикатот Верди.
„Ќе мора да очекуваме подолги чекања и откажувања на летови“, велат од синдикатот, кој апелирал за поддршка на нивните барања за повисоки плати и подобри работни услови.
Ќе бидат откажани 351 лет од Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер, што ќе влијае на речиси 100.000 патници, соопшти аеродромското здружение ADV. Неговиот главен извршен директор, Ралф Бејзел, ја осуди „злоупотребата“ на синдикатот бидејќи аеродромите едвај закрепнуваат од „најдлабоката криза во авијацијата“.
Синдикатот Верди вели дека „работата 24 часа на ден, седум дена во неделата, негативно се одразува на семејниот живот“:
„Работните услови мора да станат попривлечни зада може доволно луѓе да бидат подготвени да ја вршат оваа работа“.