Утре ден на жалост во Кисела Вода, Домот на култура ќе се преименува во Билјана Беличанец

Утре е ден на жалост во Кисела Вода, Домот на култура ќе го носи името на Беличанец

Членовите на Советот на Општина Кисела Вода со едноминутен молк ја започнаа денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец.
Советниците едногласно донесоа одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на Општината. Со одлуката, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации.
Во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски изрази жалење за смртта на Билјана Беличанец, која како што кажа, беше успешен градоначалник. Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK