четврток, 26 ноември 2026
Најново

Утре е голем празник и строг пост: Еве што треба да правите на Крстовден

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утре се празнува големиот Христијански празник, Крстовден. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.
Зимскиот Крстовден никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление.
Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Крстовден и на Богојавление се осветува вода.


Светата вода од Крстовден се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата.
Крстовден е ден кога мора да се опуштите и да се подготвите за Богојавление.
Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, „Вистина се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“, „Вистина се јави“.
Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.
Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

Поврзани вести