Православните христијани во сабота ја празнуваат Задушница. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.
На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.
На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.
Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат