Утре е Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, не треба да се работи ништо

Православната црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува “Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.
Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.
Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави тој ден. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.
Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.