Утре заради Водици посебен сообраќаен режим во Скопје

За време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори” до бул. „Гоце Делчев” и ул. „Кеј Ноември” до бул. „Кочо Рацин”.
Во општината Ѓорче Петров од 10 часот ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле” десно по бул. „Партизански одреди”, десно по ул. „Ѓорче Петров”, лево по ул. „Васил Чакаларов”, како и од црквата „Свети Пантелејмон” по ул. „Демир Трајко” и лево по ул. „Васил Чакаларов” до Железничкиот мост на Вардар.
Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.
Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.