Утре изменет сообраќаен режим на булeварот „Партизански одреди“

Поради одржување на традиционалната манифестација „Бела ноќ“ на платото пред Универзална сала утре од 19 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на булeварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт“ до крстосницата со ул.„Костурски херои“, во насока на движење кон центарот во Скопје.
Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.