По денешната краткотрајна стабилизација на времето, во текот на утрешниот ден, односно од попладневните часови најпрвин во западните, а во текот на ноќта кон петок и во петок во текот на денот и во останатите предели ќе има врнежи од дожд.
Локално, особено во западните и во северозападните предели врнежите ќе бидат ОБИЛНИ (над 40 л/м2).
Локално ќе има услови за нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Во текот на утрешниот ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски