Утре нови цени на бензините

Утре нови цени на бензините и тоа: еуросуперот 95, поскапува за еден денар, и ќе се продава за 50.5 денари, а еуросуперот 98 поскапува за половина денар, и ќе чини 52.5 денари.

Дизелот пак поефтинува за половина денар и ќе чини 42 денари. Да не му беше придодадена акцизата од 3 денари утре ќе требаше да се продава по 39 денари што е посоодветно на состојбата.

Поскапува екстра лесното масло за домаќинство за половина денар и сега ќе чини 31 денар. А мазутот и ќе се продава за 16 денари за килограм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.