четврток, 12 ноември 2026
Најново

Утре повеќечасовни прекини на вода во делови од Скопје – погледнете каде

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (вторник) поради дефект на приклучна цевка од 1“ на ул. Рилски Конгрес бр.10 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Рилски Конгрес.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Исто така, утре поради двоење во шахта на ул.Софиска бр. 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Софиска, Његошева, Копенхагенска Бриселска, Гаврил Лесновски, Стокхолмска и Петар Драганов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Поврзани вести