(Фото) Нов паркинг простор во Битола

Денес се асфалтираше новиот паркинг простор во поранешната касарна кој е изграден на СТУ9 АРМ Четврт 3. Вкупната површина на овој паркинг простор е 1550 м2 и се обезбедуваат нови паркинг места во тој дел на градот, извести Општина Битола.

„Проектот кој е од вториот владин повик преку Министерството за транспорт предвидуваше и се изведе коловоз, атмосферска канализација, сообраќај и осветлување. Вредноста на договор изнесува 6.256.014,18 денари.

Во моментот се работи и на други локации со што се исполнува заложбата на Општината за обезбедување што повеќе паркинг места во градот“, соопшти Општина Битола.

The post (Фото) Нов паркинг простор во Битола appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: